Дома Фудбал Легендарниот Креспо доби прилика да биде тренер на голем клуб

Легендарниот Креспо доби прилика да биде тренер на голем клуб

Ернан Креспо имаше голема кариера како фудбалер, но како тренер уште се чека да се докаже.

Во досегашната кариера немаше кој знае каков успех, меѓутоа сега доби голем предизвик. Креспо доби прилика да го води тимот на бразилскиот гигант Сао Паоло. Овој ангажман на Креспо ќе му биде најголем до сега после водењето на младинците на Парма, Модена, Банфилд и Хустисија.

Денес тој се договори со Сао Паоло и потпиша договор на две години.

Секако станува збор за клуб кој игра важна улога во Бразил, четири пати до сега беа шампиони, три пати најдобри на својот континент, а еднаш и светски шампиони.

Најголемиот успех во кариерата на Креспо е освојувањето на Судамерикана со Хустисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…