Дома Фудбал Останато Покетино го брани Ди Марија: Го прашаа дали сака да игра со Меси, што да каже!?

Покетино го брани Ди Марија: Го прашаа дали сака да игра со Меси, што да каже!?

Се почесто во медиумите се пишува за можноста Лионел Меси да се пресели во ПСЖ, а не се реткост и изјавите од таборот на ПСЖ за Аргентинецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последната изјава на Анхел Ди Марија предизвика бура реакции, најмногу затоа што Роналд Куман по таа изјава порача дека не е во ред што во ПСЖ толку многу се зборува за Меси.

Сега тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино застана во одбрана на својот фудбалер.

„Новинарите го прашаа дали сака да игра со Меси и што сакате да одговори!? Не станува збор за никакво непочитување, навистина не треба да се вадат работите од контекст“, изјави Покетино.

Ќе потсетиме, Барселона и ПСЖ во вторник ќе се сретнат во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дешам го брани Мбапе: Вие го направивте диктатор!

Селекторот на француската репрезентација го заштити својот најголем ѕвезда и објасни зошто…