Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси после продолженија подобри од Оклахома, Јокиќ одново одличен, солиден и Дончиќ 🎥

Лејкерси после продолженија подобри од Оклахома, Јокиќ одново одличен, солиден и Дончиќ 🎥

Кошаркарите на ЛА Лејкерси после продолженија успеаа да ја совладаа Оклахома со 119:112, а актуелните шампиони до победата ги предводеше Леброн Џејмс.

Оклахома пружи солиден отпор на Лејкерси, но на крајот тимот од Лос Анџелес успеа да дојде до победата. После првата четвртина Оклахома имаше предност од 33:26. Додека на полувреме се замина со резултат 60:56 за Оклахома. Во третата четвртина Оклахома дојде и до двоцифрена предност, сепак Лејкерси успеаа да се вратат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Успеаа Лејкерси да ја намалат предност и да се изборат за продолжение во кое беа подобри со 9:2 и славеа со 119:112. Џејмс ги водеше Лејкерси до победата и запиша нов трипл-дабл. Тој уфрли 28 поени, додаде 14 скокови и 12 асистенции. Во екипата на Оклахома се истакна Шаи Гилгус-Александер со 29 поени и десет асистенции.

Одличен меч одиграа и Милвоки и Денвер. Се радуваа Бакси кои беа подобри со 125:111. Повторно фантастичен беше Никола Јокиќ кој постигна 35 поени, додаде 12 скокови и подели шест асистенции. Кај Милвоки најрасположен беше Јанис Антетокумпо со 30 поени и 9 скокови.

Лука Дончиќ во победата на Далас против Минесота (127:122) постигна 26 поени, подели осум скокови и запиша пет асистенции. Располжен кај Мавси беше и Кристап Порзингис кој мечот го заврши со 27 поени, 13 скокови и 4 асистенции. На спротивната страна Бесли постигна 30 поени, подели шест асистенции и собра девет скока.

НБА резултати: Шарлот – Хјустон 119:94, Чикаго – Вашингтон 101:105, Мемфис – Торонто 113:128, Далас – Минесота 127:122, Сан Антонио – Голден Стејт 105:100, Феникс – Кливленд 119:113, Денвер – Милвоки 112:125, Лејкерси – Оклахома 119:112.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…