Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар 1961 останува без ваучер од Агенцијата за млади и спорт?

Вардар 1961 останува без ваучер од Агенцијата за млади и спорт?

Tимот на Вардар 1961 изгледа ќе остане без правото на користење на ваучер од Агенцијата за млади и спорт.

Проблем е настанат поради промената на имието. По доаѓањето на Михајло Михајловски и заминувањето на Самсоненко клубот мораше да се пререгистрира со ново име, па затоа денес е Вардар 1961.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тоа е проблем затоа што еден клуб за да добие ваучер треба две години да биде дел од системот на натпреварување и Вардар 1961 не го исполнува тој услов. Со ова име црвено-црните играат прва сезона и извесно е дека нема да добијат ваучер.

Следната недела ќе биде објавувањето на клубовите кои добиле ваучер па тогаш ќе се знае и сигурно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…