Дома Видео Ибрахимовиќ и Ребиќ го декласираа Кротоне

Ибрахимовиќ и Ребиќ го декласираа Кротоне

Милан во 21. коло од Серија А на Сан Сиро го декласира Кротоне со 4:0 и се врати на врвот на лигашката табела.

Росонерите лесно стигнаа до трите бода, а по два гола постигнаа Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Отпорот на Кротоне беше скршен во 30. минута. Леао и Ибра одиграа школска акција, а Златан ја заврши за предност од 1:0.

Со овој резултат се замина на одмор, а во продолжение тимот на Стефано Пиоли за само шест минути ја заврши работата на овој натпревар.

Златан во 64. минута погоди за 2:0 после одличната асистенција од Хернандез, а потоа на сцена стапи Анте Ребиќ.

Хрватскиот напаѓач погоди во 69. и 70 миута за конечен резултат од 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

„Бомба“ од Мадрид: Перез донел одлука за Анчелоти!

Карло Анчелоти нема да остане на клупата на Реал Мадрид! Оваа вест ја пренесоа бројни мадр…