Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.
Приоритет на „росонерите“ во летниот преоден рок ќе биде засилување за десната крилна позиција бидејќи Кастиљехо најверојатно ќе го напушти клубот.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Прва желба е Ди Марија, но тешко дека Милан ќе може да ја победи конкуренцијата, па како алтернатива се споменува Ерик Ламела.
28-годишниот Аргентинец не добива голема минутажа, па и самиот е спремен да ја промени средината. Тој на лето влегува во последната година од договорот, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.
Ламела има искуство во Серија А каде со успех го носеше дресот на Рома, а „росонерите“ се спремни да понудат 15 милиони евра за неговиот потпис.