Клубовите од Премиер лигата внимателно го следат талентот на Палмеирас, Патрик де Паула, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
21-годишниот играч за врска го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа, особено на Пеп Гвардиола кој сака да го донесе на „Етихад“.
Скаути на неколку англиски клубови го следат фудбалерот, кој игра одлично во Палмеирас и ја освои Копа Либертадорес.
Палмеирас сигурно нема лесно да се откаже од својот „бисер“, особено поради фактот што Де Паула има откупна клаузула од 100 милиони евра.