Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ го објави официјалниот допис: ФИФА и УЕФА застанаа зад Сејдини

ФФМ го објави официјалниот допис: ФИФА и УЕФА застанаа зад Сејдини

Повторно покажувајќи ја својата транспарентност, отвореност и посветеност за вистинските фудбалски вредности, Фудбалската федерација на Македонија како што најави на прес – конференцијата одржана на 22. јануари го споделува официјалниот допис од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија.

„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА  ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.

Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.

Официјален допис од УЕФА и ФИФА во врска со спорот меѓу АМС и ФФМ | ФФМ – Фудбалска Федерација на Македонија

Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание“. 

На последната прес-конференција во „Куќа на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини ја информираше јавноста за медиумски манипулативно известување со неважечка содржина споделено од Агенцијата за млади и спорт кое имаше за цел да фрли сенка на одличната година која е зад Фудбалската федерација на Македонија.

Апсолутно сме убедени дека и во иднина заедно со сите поврзани чинители посветено ќе работиме на подобрување на условите во македонскиот фудбал, согласувајќи се околу потребата за спроведување и имплементација на македонските закони. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…