Дома Фудбал Поранешниот играч на Шкендија и Шкупи: Многу сакам Вардар да испадне во Втора лига

Поранешниот играч на Шкендија и Шкупи: Многу сакам Вардар да испадне во Втора лига

Поранешниот играч на Шкендија и Шкупи, Мевлан Адили даде интересна изјава за време на една ТВ емисија во однос на настаните во нашата лига.

Адили е поранешен македонски младински репрезентативец, а сега настапува во Албанија за екипата на Влазнија од Скадар.

Тој покрај останатото даде изјава за тоа кој сака да биде шампион во македонската лига и за тоа кој сака да се најде во втората лига.

„Сигурен сум дека Шкендија ќе бидат прваци, а сакам Шкупи и Ренова да се пласираат во Европа. Но, најголема желба ми е да го видам Вардар како испаѓа од елитата.“ – рече Адили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонската надеж Бечвиновски погоди на Мундијалот, Австралија оди понатаму

Лук Бечвиновски го почна враќањето на Австралија од два гола негатива против Мозамбик. Рем…