Манчестер Јунајтед изненадувачки се вклучи во трката за потписот на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на 34-годишниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Поради тоа, големи се шансите Рамос на лето да го напушти Реал како слободен агент, а европските гиганти веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
До сега Пари Сент Жермен се сметаше како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ наскоро ќе имаат состанок со неговиот агент и ќе му понудат двегодишен договор.