Дома Фудбал „Во Јувентус ги поминувам најдобрите денови од мојата кариера“

„Во Јувентус ги поминувам најдобрите денови од мојата кариера“

Дефанзивецот на Јувентус, Данило истакна дека е среќен во Торино.

Данило зборуваше за својот тим во најавата за натпреварот против Сампдорија кој се игра денес од 18:00 часот.

„Откако го напушти Порто за прв пат имам константна сезона и конечно работите тргнаа на подобро. Среќен сум со начинот на кој играм, сакам долго да останам бидејќи конечно сум среќен и ова се најдобрите денови од мојата кариера. Моја желба е да му се одолжам на клубот што има доверба во мене“, изјави Данило.

„Старата дама“ влезе во ритам и против Сампдорија ќе бара нов триумф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Картон за погрешен играч, па смена на паузата: Судија обвинет дека бил пијан

Хана Хатаб не го дочека крајот на дуелот Ал Џазира – Гол Гохар како главен судија. Ирански…