Во завршницата од Мундијалот станува јасно дека рекордот на Кирил Лазаров со 92 гола на Мундијалот во 2009 година нема да биде загрозен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобар стрелец на турнирот после шест одиграни натпревари е Франис Марцо од Катар кој зад своето име има 53 гола. Па со тие 53 тешко е да се зерува дека Марцо или неговите најблиски конкуренти ќе го загрозат рекордот на Кире.
Зад Марцо на првата и втората позиција следуваат Сандер Сагосен (50) од Норвешка и Александар Шмид од Швајцарија (44).
Ако ни е за утеха за нашиот лош настап на турнирот на кој завршивме на 23. позиција барем Лазаров нема да биде симнат од тронот.