Дома Фудбал Италија Матијас де Лихт се враќа на теренот

Матијас де Лихт се враќа на теренот

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт се опорави од коронавирусот.

Холандскиот репрезентативец на почетокот од јануари беше позитивен на тестот и мораше да замине во изолација.

За среќа, Ковидот за него е минато. Новите тестови покажаа дека Де Лихт е негативен и се враќа во екипата.

Јувентус денеска го игра натпреварот против Болоња, а холандскиот дефанзивец ќе биде во екипата и натпреварот веројатно ќе го започне од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ужасни вести за Реал Мадрид стигнаа од кампот на француската репрезентација

Ибрахима Конате се повреди во кампот на француската репрезентација и се врати во Мадрид ка…