Истрагата за смртта на легендарниот Диего Марадона се уште е во тек, а аргентинсите медиуми објавија нови резултати.
Марадона почина кон крајот на 2020 година и тоа силно го здрма целиот фудбалски свет. Набрзо по неговата смрт почна да се сомнева во медицинската помош која ја добивал. Еден од главните осомничени е докторот на Марадона Леополдо Лукуе бидејќи не се поклопуваат работите кои тој ги изјави со сето она што навистина се случувало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во истрагата сега се докажа дека тој го фалсификувал потписот на Марадона во клучниот документ во текот на лекувањето.
После ова уште повеќе се сомнева на него и многу е веројатно докторот да крие нешто. Зошто инаку би го фалсификувал потписот?
Набрзо после смртта на Марадона тој беше првиот кој објави фотографија со него и организираше прес-конференција на која се расплака објаснувајќи ја терапијата која му ја давал на Марадона.