Дома Македонски спорт Тричковски по хет-трикот: Не е лесно да се дадат 101 гол

Тричковски по хет-трикот: Не е лесно да се дадат 101 гол

Македонскио репрезентативец, Иван Тричковски вчера одигра одличен натпревар за АЕК Ларнака во кој за едно полувреме успеа да постигне хет-трик.

Со тие три гола Тричковски дојде до бројката од 101 гол во кипарското првенство. Сезонава Тричковски има девет гола за АЕК каде што игра од 2016 година претходно настапуваше за Енозис и АПОЕЛ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не е лесно да се дадат 101 гол, горд сум на овие бројки затоа што се остварени со напорна работа. За да остварите вакво нешто морате да биде посветени и многу да работите, без соиграчите тешко дека ќе успеев. Фудбалот е тимски спорт и јас сум им благодарен на се. Сакам да продолжам да постигнувам голови и да играм уште подобро“, изјави Тричковски.

Трите гола на Тричковски можете да ги погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…