Дома Фудбал Англија Проблем за Гвардиола: Де Брујн месец ипол надвор од терените

Проблем за Гвардиола: Де Брујн месец ипол надвор од терените

Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција соопшти дека Кевин Де Брујн нема да игра во наредните четир до шест недели.

Најдобриот играч на Сити излезе од игра во последниот натпревар против Астон Вила (2:0) поради повреда, а после дополнителните прегледи утврдено е дека ќе мора дополнително да паузира.

Де Брујн така ќе ги пропушти наредните осум натпревари во кои се и дерби дуелите со Ливерпул, Тотенхем и Арсенал, веројатно нема да игра и против Борусија Менхегладбах во осминафиналето од Лигата на шампионите. Се очекува да биде спремен за дуелот со Манчестер Јунајтед на 6. март на „Етихад“.

Сити е во одлична форма. Ги доби последните девет натпревари во сите натпреварувања со само два примени голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Јовановиќ во вербален дуел, но со почит на крајот

Германија и Грција одиграа без голови во Лигата на нации, а Клоп и Јовановиќ имаа интересе…