Вулверхемптон покажува сериозен интерес за крилото на Јувентус, Даглас Коста, пренесуваат медиумите на Островот.
30-годишниот Бразилец во моментов е на позајмица во Баерн Минхен, но не е задоволен од минутажата и сака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даглас Коста во сопственост на Јувентус, кој е спремен да ја прекине позајмицата со Баерн Минхен и да го испрати Бразилецот во Премиер лигата.
Баерн веќе соопшти дека нема намера да го откупи фудбалерот на крајот на сезоната, па најверојатно нема да се спротистави на неговото заминување.