Се сеќавате ли на искусниот Лисандро Лопез? Повторно би можеле да го гледаме во Европа.
Според пишувањето на италијанските медиуми Лопез е на мета на Аталанта. Наводно започнале преговорите помеѓу Аталанта и сегашниот клуб на Лисандро, Расинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ништо не би било изненадувачки во овој трансфер ако Лисандро немаше 37 години и не беше на залезот на кариерата.
Меѓутоа Аталанта не е единствениот клуб во игра за неговиот потпис. Лисандро Лопез има понуда и од Атланта Јунајтед. МЛС тимот му нудо договор на Лопез до декември 2021 година, а оваа опција изгледа како најреална.
Лисандро Лопез во кариерата најголема трага остави во Лион за кој постигна 59 голови на 119 натпрвеари. Дресот на Порто го носеше на 106 натпревари и постигна 48 гола.