Ракометарите на Хрватска во важниот натпревар за првото место во групата го совладаа Катар со 26:23.
Во вториот круг, Хрватска ќе продолжи со три бода, додека Катар ќе пренесе два бода, а Јапонија еден од ремито со Хрватска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватска беше фаворит против Катар, но повторно се мачеше од самиот почеток, најголемата предност изнесуваше три гола. Мануел Штрлек постигна шест голови за Хрватска, по пет постигнаа Марио Мариќ и Марко Мамиќ, додека Франкис Марзо постигна седум голови.
Прв ривал на Хрватска во вториот круг ќе биде Бахреин кој е трет во групата Д.
Во преостанатите натпревари денес Јапонија со 30:29 ја доби Анголо, Бахреин со 34:27 го доби Конго, додека Шпанија со 26:24 го совлада Тунис.