Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е на мета на Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми.
23-годишниот играч за врска блеска оваа сезона во дресот на Мехенгладбах, а особено одличен меч одигра против Баерн Минхен пред неколку дена.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Нојхаус оваа сезона одигра 14 меча на кои постигна 2 гола и запиша три асистенции, а во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра.
Нојхаус е приоритет на Баварците за следната сезона, кои се спремни да ја платат откупната клаузула, а трансферот ќе го финансираат со продажбата на Корентин Толисо.
Французинот повеќе не влегува во плановите на Ханзи Флик и на лето ќе биде ставен на продажба.