Денес на програмата е големото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед и после подолго време двата тима се борат за титулата.
Клоп пред дербито изјави дека е во одлични односи со легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон, но никогаш не помислил дека може да биде менаџер на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никогаш не би го водел тимот на Манчестер Јунајтед, тоа не сум го помислил ниту една секунда. Јас со Алекс Фергусон имав и се уште има прекрасен однос но јас сум среќен во Ливерпул. Ова е прекрасно место, дури и времето е поунаво отколку во Манчестер“, изјави Клоп.
„Се уште сме во добри односи со Сер Алекс, тоа што го водам неговиот ривал нема врска. Неодамна ми испрати СМС за да ми го каже неговиот нов број, а тоа е голема чест за мене“, додаде Германецот.