Николас Анелка важеше за фудбалер кој никако не успеваше да се задржи подолго време во еден клуб.
Патуваше во Европа и Азија и настапуваше за гиганти како Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул, ПСЖ, Сити…играше и во Кина и Индија каде што ја заврши кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во пензија Анелка е веќе пет години, а сега е пред нов ангажман, но не на теренот.
На поранешниот репрезентативец на „триколарите“ му е понудено местото спортски директор во францускиот четвртолигаш Јер.
Овој клуб има голем проект затоа што покрај ангажманот на Анелка во раководството би можеле да бидат доведени и играчи како Адил Рами и Кабаје. Двајцата имаат по 35 години, но јасно е дека клубот бара познати имиња за полесно да привлече и поголеми спонзори.