Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Јувентус, кој сака да го донесе во Торино.
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона добива многу мала минутажа во Премиер лигата, а беше купен за 45 милиони евра.
За неговиот потпис интерес покажуваше и Барселона, но „црвените ѓаволи“ ја добија битката за неговиот потпис.
Сега Јувентус сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А уште во јануарскиот преоден рок.