Месут Озил скоро сигурно до крајот на јануари ќе го напушти Арсенал, а негов нов клуб ќе биде Фенербахче.
Оваа информација ја потврди и спортскиот директор на овој клуб, Емре Белозоглу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Разговаравме со Месут и неговиот менаџер. Никогаш не бил поблиску до доаѓањето во нашиот клуб, само детали не делат од завршување на договорот. После состанокот, разговаравме и со Арсенал. Сфативме дека нема да има проблем да го пуштат. Секако, тој мора да се согласи на намалување на платата, но тука не би требало да има проблем затоа што и тој сака да замине од Арсенал“, изјави Емре.