Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Матеј Цветановски е нов играч на Шкупи

Официјално: Матеј Цветановски е нов играч на Шкупи

Младиот фудбалер Матеј Цветановски кој имаше одлична полусезона во Вардар кариерата ја продолжува во редовите на Шкупи.

Сега веќе поранешниот фудбалер на Вардар со Шкупи потпиша договор на две години. 23 годишниот Цветановски кариерата ја започна во Македонија Ѓорче Петров, а пред да го облече дресот на Вардар играше за битолски Пелистер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќен сум што доаѓам во клубот со богата историја и кај нас и на меѓународна сцена. Понудата која ми даде Шкупи беше најдобра во мојата кариера. Дојдов тука да помогнам и се надевам дека ќе ја освоиме титулата. Благодарен сум на одличниот прием, познавам голем број од играчите и верувам дека брзо ќе се вклопам“, изјави Цветановски по потписот.

Во првиот дел од сезоната Цветановски за Вардар постигна шест гола и запиша пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…