Италијанскиот гигант Милан е заинтересиран за младиот дефанзивец на Челзи, Факио Томори, пренесува „Скај Италија“.
23-годишниот дефанзивец не добива голема минутажа оваа сезона во Челзи и е спремен да ја промени средината во јануари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тренерот на „сините“ Лампард потврди дека Тимори може да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Милан сака да ја засили одбраната, а познато е дека „росонерите“ барата млади таленти, па веруваат дека Тимори одлично ќе се вклопи во тимот.
Италијанскиот клуб го сака Тимори на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп, па наскоро се очекува да испрати понуда до Челзи.