Клубовите од Премиер лигата, пред се Ливерпул, се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.
Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира оваа сезона со настапите во Бундеслигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Ливерпул веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да плати 50 милиони евра.
Интерес за швајцарскиот репрезентативец покажуваат уште Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, па поради тоа „црвените“ брзаат и сакаат да ја победат конкуренцијата.