Барселона синоќа на Сан Мамес го победи Атлетик Билбао со 3:2 во заостанатиот натпревар од 2 коло во Ла Лига.
Каталонците одиграа одличен натпревар и стигнаа до победа која ги однесе на третото место на табелата, веднаш зад Атлетико и Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Роналд Куман е задоволен од победата на тешкото гостување, но истакна дека неговиот тим заслужи повеќе бодови во останатите натпревари.
„Екипата работи добро веќе долго време. Сметам дека заслуживме повеќе бодови од тоа што имаме. Во овој натпревар имавме завршница, а тоа секако е последица на самодовербата. Мора вака да продолжиме.“ – рече Куман и додаде:
„Сезоната е долга. Ние секако сме во трка за титулата, таа секогаш е отворена, но ќе има подеми и падови. Распоредот е густ, можеби ќе имаме проблеми до крајот на сезоната.“
Барселона за два дена ги чека ново гостување, овој пат кај незгодната Гранада.