Во Барселона веруваат дека ќе успеат да ги донесат трите најголеми трансфер цели без обештетување на крајот на сезоната.
Тројцата фудбалери се веќе подолго време на списокот на Каталонците и се големи желби на Роналд Куман.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за дефанзивецот на Сити, Ерик Гарсија, плејмејкерот на Луверпул, Вајналдум и напаѓачот на Лион, Мемфис Депај.
Куман се обиде уште минатото лето да ги донесе тројцата на „Камп Ноу“, но клубот не успеа да ги договори трансферите.
Нивните договори со споменатите клубови истекуваат на крајот на сезоната, па ќе можат да потпишат преддоговор уште во јануари.
Барселона не планира да троши пари во зимскиот преоден рок и сака да го донесет тројцата без обештетување.