Дома Трансфер зона Барселона го продолжила договорот на Пуиг, но не за да го задржи

Барселона го продолжила договорот на Пуиг, но не за да го задржи

Изненадување за многумина е потегот на Барселона да го продолжи договорот со Рики Пуиг на уште две години, но набрзо потоа во каталонските медиуми се појави и дополнување во кое има образложение за ваквата одлука.

Имено, Барселона не го продолжила договорот на Пуиг затоа што сака да го задржи туку само за подобро да го продаде. Имено, договорот на Пуиг истекуваше на крајот од сезоната и во таков случај клубот од неговото заминување во јануари ќе заработеше симболична сума. Затоа Барса со активирањето на клазулата автоматски му го продолжи договорот на Пуиг на уште две години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонскиот „Мундо Депортиво“ објави дека ова е завршена работа и се чека само официјалната објава затоа што во ваква ситуација со клазула нема преговори, туку клубот одлучува. Во договорот останува откупната клазула од 100 милиони евра, но јасно е дека таа сума Барса нема да ја добие.

Цената на Пуиг би требало да биде некаде помеѓу 15 и 20 милиони евра. Милан веќе се распрауваше за неговите услуги, но „росонерите“ како што се пишуваше беа заинтересирани за позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…