Серхио Рамос е во последната година од неговиот договор со Реал Мадрид, а засега не е познато дали ќе ја продолжи соработката со „кралскиот“ клуб.
Преговорите започнаа, но не одат во вистинска насока, бидејќи претседателот Флорентино Перез сака да му понуди само едногодишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Рамос има алтернативни решенија доколку не се договори со Перез за нов договор. Неколку европски гиганти веќе покажаа интерес за дефанзивецот, а најголема е веројатноста да се пресели во Премиер лигата.
Манчестер Сити ја следи ситуацијата и е спремен да му понуди богат договор на Серхио Рамос. Гвардиола многу ги цени квалитетите и сака да го донесе на „Етихад“.
Man City are closely monitoring Sergio Ramos' situation at Real Madrid with an eye to signing him as a free agent this summer. pic.twitter.com/fkssZSYMUc
— Transfer News (@TransfersLlVE) January 4, 2021