Манчестер Јунајтед не се откажува од Џејдон Санчо и сака да го договори трансферот пред почетокот на ЕУРО 2021.
„Црвените ѓаволи“ не успаа да го донесат англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ ова лето, но и понатаму тој останува трансфер цел број еден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблем беше цената од 120 милиони евра која Дортмунд ја бараше и не сакаше да попушти.
Директорот на Борусија Дортмунд, Ватцке денес потврди дека Санчо веќе имал договор со Манчестер Јунајтед и очекувал минатото лето да ја промени средината.
Скоро невозможно е Англичанецот да се пресели на „Олд Трафорд“ во јануари, но клубот сака да го договори трансферот пред почетокот на ЕП.
„Црвените ѓаволи“ се плашат дека цената на Санчо би можела дополнително да порасне доколку покаже добри партии на Европското првенство.
Hans-Joachim Watzke (Borrusia Dortmund CEO): “Subconsciously, Jadon [Sancho] might have had prepared for a change. I think he had at least thought so much about it that he lost his ease. But I have found him trying very hard for weeks." #mulive [kicker via @DasDoHD]
— utdreport (@utdreport) January 3, 2021