Кристиано Роналдо пред два дена стана првиот човек со 250 милиони следбеници на Инстаграм.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот до оваа бројка дојде пред неколку дена и стана првиот човек на кој му успеало такво нешто. Зад себе Роналдо остави многу славни личности од шоу бизнисот како: Аријана Гранде, Двејн Џонсон, Кајли Џенер, Селегна Гомез, Ким Кардашијан, тука е и неговиот колега од зелениот терен Лео Меси.
Денес Роналдо им се заблагодари на неговите следбеници за оваа бројка.
„Каква неверојатна бројка. Ви благодарам на сите кои сте дел од ова“, порача Роналдо.