Дома Фудбал Официјално: Покетино нов тренер на ПСЖ

Официјално: Покетино нов тренер на ПСЖ

Маурисио Покетино и официјално е нов тренер на ПСЖ.

Откако клубот отпушти Томас Тухел клубот од Париз одлучи да го ангажира аргентинскиот стратег кој после пауза од една година се враќа на тренерската работа.

ПСЖ официјално го потврди доаѓањето на Покетино и му посакаа добредојде во Париз.

Како фудбалер Покетино настапуваше во ПСЖ од 2000 до 2003 година, во тој период постигна шест голови на 95 настапи.

Во тренерската кариера пет ипол години помина во Тотенхем, а ги водеше уште Саутемптон и Еспањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осум гола на десет меча, но Раимондо знае што му недостига за Италија

Напаѓачот на Фрозиноне има одличен голгетерски учинок, но за првиот сениорски повик сака д…