Кристијан Ериксен зад себе има лоша година во дресот на Интер и сите очекуваат да си замине од Милано во јануари.
Напуштањето на Тотенхем и трансферот во Интер од денешна преспектива изгледа како целосно промашување. Антонио Конте од поодамна го отпиша и Ериксен е во потрага по нов клуб. Неколку клуба се поврзуваа со неговото име, а од денес во игра е и Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите од Италија, Валенсија на Интер му понудила позајмица до крајот на сезоната и изгледа дека во Милано немаат ништо против ако шпанскиот клуб превземе дел од платата на Данецот.
Претходно како главен фаворит за доведувањето на Ериксен се истакнуваше ПСЖ поради доаѓањето на Маурисио Покетино во Париз.