Во дресот на Барселона одигра само четири натпревари, а освои неверојатни девет трофеи.
Станува збор Жорди Масип, голманот кој од 2014. година го брани дресот на Барселона. Одигра само четири официјални натпревари, но за време на неговиот престој во Барселона освои дури девет трофеи, на што можат да му завидуваат многу фудбалски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кариерата ја започна во Маркантил како играч на теренот, но на 12-годишна возраст стана голман. Три години подоцна заврши во младинската школа на Барселона, каде што се искачи во Барса Б, за кого одигра 79 натпревари и прими 101 гол.
Во првиот тим на Барселона беше промовиран во сезоната 2014/15. Жорди Масип дебитираше за Барселона на 16.12.2014. година во Купот на кралевите против Хуеска. Натпреварот заврши со победа на Барселона од 8:1.