Дома Фудбал Англија Дерби на денот: Можат ли „волците“ да ги надмудрат „ѓаволите“?

Дерби на денот: Можат ли „волците“ да ги надмудрат „ѓаволите“?

Денес продолжуваат натпреварите од Премиер лига, а најинтересно ќе биде на Олд Трафорд каде што ќе се сретнат екипите на Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон.

Манчестер Јунајтед: Фантастични партии во последно време

Впечатокот е дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед пред почетокот на оваа сезона беа потценети и апсолутно никој не сметаше дека овој тим би можел да стигне да се бори за титула во Англија. Сега работите се подруги и секако дека фановите на овој тим имаат многу причини за задоволство кога се во прашање партиите на нивните фудбалери. Моментално се наоѓаат на четвртото место на табелата и имаат пет бода помалку во однос на Ливерпул, но и натпревар помалку од Ливерпул, па сигурно дека избраниците на Солскјер во наредните кола ќе планираат „напад“ на тоа место. Друг важен податок е тоа што Манчестер Јунајтед не успеа да избори пласман во нокаут фазата од Лига на шампиони, па сега им преостанува максимално да се фокусираат на Премиер лигата.

Вулверхемптон: Може ли овој тим до триумф на гости?


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сигурно е дека како што изминува времето, така и Волвс полека, но сигурно стасува до статус стабиле прволигаш од кој секогаш може да очекуваме пласман во горниот дел на табелата. Избраниците на Санта се наоѓаат на средината на табелата, поточно на 11-то место, но во последно време прикажуваат променливи партии. Тие славеа на гостувањето кај Арсенал, а пред тоа врзаа два порази од Ливерпул и Астон Вила. Потоа го совладаа Челзи со 2-1, а тоа веруваме дека им ја зголеми самодовербата. Како и да е, тимот на Волвс во никој случај не смееме да го потцениме бидејќи може да го победи секој клуб, но исто така може и да изгуби од секој клуб во Премиер лигата.

Наш предлог

Фудбалерите на Манчестер прикажуваат навистина фантастични партии во овој дел од шампионатот и сигурно поради тоа се фаворити на овој натпревар, па како прв предлог ви нудиме 1 со квота 1.67 во 1xBet. Љубителите на голови може да испробаат со 3+ за што ќе си добијат квота 1.88 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…