Дома Трансфер зона Вакво сценарио навивачите на Реал не сакаат ниту да замислат: Ништо од Мбапе, се враќа и Бејл?

Вакво сценарио навивачите на Реал не сакаат ниту да замислат: Ништо од Мбапе, се враќа и Бејл?

Англиските медиуми пишуваат дека репрезентативецот на Велс, Герет Бејл не ги исполнил очекувањата на Тотенхем и поради тоа ќе се врати во Реал Мадрид.

Бејл не добива голема минутажа кај Жозе Мурињо, кој сака да го врати фудбалерот назад во Мадрид, а од тоа најмногу се плаши „кралскиот клуб“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


31-годишниот Велшанец во моментов има статус на позајмен фудбалер и не ја отфрла можноста да се врати во Реал Мадрид. Тој има договор до 2022 година со „кралевите“ и на лето голема е веројатноста да се врати во Мадрид.

Доколку се оствари тоа сценарио, тогаш постои можност Реал да остане без Килијан Мбапе, по чиј потпис планираа да тргнат следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…