Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може да продолжи со кариерата во Премиер лигата.
Напаѓачот денес и официјално го раскина договорот со Атлетико Мадрид, шест месеци пред истекот, па сега е слободен агент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Весникот „АС“ пренесува дека интерес за неговиот потпис покажуваат лондонските ривали Арсенал и Тотенхем.
Тотенхем веќе започнал преговори со неговиот агент, но бара од напаѓачот да се согласи на помала плата бидејќи во Атлетико заработуваше 10 милиони евра по сезона.
Диего Коста со Мурињо соработуваше две сезони, а пред три години го напушти Челзи и се врати во Атлетико Мадрид.
Арсенал исто така стапил во конаткт со 32-годишниот напаѓач, бидејќи тимот на Артета има проблем со реализацијата оваа сезона.