Плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско донел конечна одлука да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Иско оваа сезона не е во плановите на Зинедин Зидан и ретко добива шанса, а наводно е во конфликт и со капитенот Серхио Рамос.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според пишувањата на шпанските медиуми, 29-годишниот играч со сите сили сака да го напушти Реал, а неколку европски гиганти покажуваат интерес за неговиот потпис.
Иско сака да биде дел од репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство во 2021 година, и поради тоа сака да се пресели во клуб каде што ќе игра редовно.