Како што пренесуваат англиските медиуми, Ванијалдум во јануари би можел да ја напушти екипата на Ливерпул, а веќе се најавува кој би можел да го замени.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за Ренато Санчез, поранешниот играч на Баерн Минхен. Санчез важеше за голема надеж, но во Баерн не се снајде.
Во Англија беше дел од Свонси каде што запиша само 12 настапи. Треба да се спомене и дека често беше повреден и не успеа да го исполни својот потенцијал.
Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Клоп смета дека Португалецот ќе биде идеално засилување за средниот ред, а неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра.