Дома Трансфер зона Напаѓачот на Ливерпул се сели во најлошиот тим во Бундеслигата?

Напаѓачот на Ливерпул се сели во најлошиот тим во Бундеслигата?

Ливерпул пред две години стана шампион на Европа откако во финалето го победи Тотенхем со 2:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Едни од клучните голови во походот на Лигата на шампиони ги постигна Дивок Ориги во полуфиналето против Барселона и во финалето против Тотенхем.

Година ипол подоцна Ориги се наоѓа на излезни врати од „Енфилд“, а кариерата би можел да ја продолжи во Бундеслигата.

Германски „Скај“ известува дека Ливерпул и Шалке се договораат за размена на играчи. Ориги би можел да се упати во Гелзенкирхен, додека во Англија би можел да пристигна Озан Кабак.

Инаку, популарните „рудари“ во овој момент се најлошиот тим во Бундеслигата и се наоѓаат на дното на табелата, после 13 одиграни натпревари не знаат за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…