НБА клубовите традиционално за Божиќ играат натпревари, а така беше и овој пат. ЛА Лејкерси на свој терен беа подобри од Далас Маверикс додека Бруклин Нетс го прегазија Бостон Селтикс.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Актуелните НБА шампиони, Лејкерси успеаа да дојдат до првата победа во новата сезона. На свој терен тие беа подобри од Далас со убедливи 138:115.
Од самиот почеток Лејкерси беа подобра екипа, а после првата четвртина водеа со 33:30. На полувреме се замина со резултат 69:57 и беше јасно дека Далас тешко ќе направи нешто повеќе со Стејплс центарот.
До крајот на натпреварот Лејкерси ја чуваа предноста која растеше од напад во напад и на крај дојдоа до триумфот. Најефикасен кај Лејкерси беше Ентони Дејвис со 28 поени, 5 асистенции и 9 скока, додека по 22 уфрлија Леброн и Монтрези Харел. Кај Далас Дончиќ постигна 27 поени, 7 асистенции и 3 скока.
Интересно беше во натпреварот помеѓу Селтикси и Нетси кој на крајот го добија гостите со 123:95. Нетси одиграа одличен натпревар, посебно во второто полувреме и на крајот заслужено стигнаа до победата.
Одлични беа Кајри Ирвинг и Кевин Дурант кои покажа дека Бруклин сезонава ќе биде еден од фаворитите за освојувањето на прстенот. Ирвинг натпреварот го заврши со 37 поени, 8 асистенции и 6 скокови, додека Дурант додаде 29 поени. Во домашниот тим се истакна Џејлен Браун со 27 поени.