Напаѓачот на Волфсбург, Ваут Вегхорст може во зимскиот преоден рок да го засили Тотенхем, пренесува „Билд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Волфсбург е спремен да го пушти 28-годишниот Холанѓанец, но само ако добие понуда од 35 милиони евра.
Вегхорст блеска оваа сезона во дресот на Волфсбург и има постигнато 13 гола на 18 меча.
Мурињо е во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива за Хари Кејн, и верува дека Холанѓанецот идеално ќе се вклопи во неговиот систем на игра.