Начинот на кој игра Лидс се најде на удар на критичарите после високиот пораз од Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Биелса денеска ги обвини британските медиуми дека се обидуваат да го дестабилизираат неговиот тим со критиките за начинот на игра.
„Тоа е само начин да ме исмејуваат.“ – изјави искусниот аргентински стручњак на прес-конференцијата пред натпреварот со Барнли.
„Не обрнувам внимание што пишуваат медиумите. Она што ме загрижува е дека она што го пишуваат влијае на луѓето. Можат да ги дестабилизираат играчите.“ – додаде Биелса.
После 14 одиграни кола Лидс е на 14. место со 17 освоени бода.