Дома Трансфер зона Интер спреми понуда за ѕвездата на Серија А

Интер спреми понуда за ѕвездата на Серија А

Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, па наскоро би можел да направи трансфер во Милано.

Италијанските гиганти Интер и Јувентус веќе подолго време го следат Де Паул, а медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ веќе презеле конкретни чекори за негов ангажман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конте смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи Де Паул може да игра на повеќе позиции во средниот ред.

„Нероаѕурите“ започнале преговори со агентот на фудбалерот и спремиле понуда од 35 милиони евра, сума која треба да ги задоволи апетитите на Удинезе.

Кристиан Ериксен е на излезна врата и со неговата продажба Интер ќе го финансира трансферот на Де Паул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра најави заминување со последниот потег?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот бр…