
Црвена Звезда денес и официјално го претстави засилувањето од милански Интер.
Станува збор за Французинот Аксел Бакајоко кој потпиша договор на три години.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Доаѓам во клуб кој бил европски и светски шампиони и затоа сум горд. Се радувам на соработката со Дејан Станковиќ кој веќе покажа дека е одличен тренер, баш каков што беше и како фудбалер. Чест ми е што ќе учам од него“, изјави Бакајоко на денешното претставување.
Бакајоко беше млад француски репрезентативец, вистинска прилика во Милано не доби. Одигра само еден натпревар за сениорите, повеќе играше за младиот тим.
Интер го испраќаше на позајмица во Сошо и Сент Гален.