Јувентус е последниот гигант кој се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.
24-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на Манчестер Сити и Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанскиот шампион го сака Траоре поради неговата поливалентност бидејќи може да игра како крило, но и како централен напаѓач.
24-годишниот Траоре е проценет на 90 милиони евра, но тешко дека споменатите клубови ќе ја платат таа сума во период на финансиска криза.
Медиумите на Островот тврдат дека главната битка за неговиот потпис следното лето ќе ја водат Манчестер Сити и Јувентус.