Дома Фудбал Останато Марадона оставил писмо и ја напишал последната желба

Марадона оставил писмо и ја напишал последната желба

Пред неполн месец почина легендарниот Диего Армандо Марадона, а денес медиумите објавија дека Аргентинецот оставил писмо во кое ја напишал својата последна желба.

Писмото било проследено до неговиот адвокат, Матијас Морли, а во него пишувало пишувало дека Марадона сака по неговата смрт да го балсамираат и неговото тело да биде изложено во музеј.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„По долго размислување, сакам да изразам желба моето тело по смртта да се балсамира и да се изложи во музеј, а да биде опкружено со сите трофеи кои ги имам освоено. Исто така, сакам да ги има и сите лични работи за да го чувствувам влијанието на сето тоа и на оној свет“ наводно пишува во писмото кое било потпишано на 13 октомври 2020 година.

Неговиот втор адвокат Марио Броди изјави дека постои идеја да се направи мавзолеј каде обожувателите би можеле да доаѓаат.

„Тоа е нешто за што зборував со браќата на Марадона. Предлогот е сериозен и би бил обврска на фудбалската федерација на Аргентина“, изјави Бодри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал има шанса да купи фудбалер на ПСЖ за 90 милиони евра

Арсенал, Реал Мадрид и Манчестер сити имаат голема шанса да го ангажираат играчот кој би м…