Дома Топ вести Интер и Јувентус ја започнаа битката за Марсело

Интер и Јувентус ја започнаа битката за Марсело

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело на крајот на сезоната ќе го напушти „кралскиот“ клуб, пренесува „Дон Балон“.

Истиот извор наведува дека Бразилецот веќе донел одлука и избрал кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За неговиот потпис се силно заинтересирани Јувентус и Интер, а Марсело веќе донел одлука да го напушти Реал Мадрид.

32-годишниот Марсело има уште две години од договорот со „кралевите“, но Реал нема да му стои на патот и ќе го пушти да се пресели во Серија А.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис поради одличните односи кои Бразилецот ги има со Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…